(ВИДЕО) Невреме ја зафати Хрватска, снег на планините во Словенија

Попладнево невреме ги зафати Истра и северниот Јадран во Хрватска. Како што јавија хрватските медиуми, локално наврнале над 80 литри дожд на метар квадратен до 14 часот, а најмногу дожд наврнал во Ровињ – 106 литри. Пореч е под вода, а на Платак паднал снег.

Порталот Индекс објави дека невремето, придружено со пороен дожд и грмежи, најмногу ги погодило Ровињ, Истра и Кварнер.

Во пошироката област на Загреб може да наврнат од 20 до 40 литри дожд на метар квадратен, од 25 до 45 во областа Карловац.

Покрај обилни врнежи, метеоролозите најавуваат и грмежи, особено во Сплит и Риека.

Бидејќи температурата на морето е сè уште релативно висока, можен е развој на силно невреме над морето.

Снег падна и на Крањска Гора, познат ски-центар во Словенија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.