(ВИДЕО) Невреме во Хравтска, паѓал град со големина на орев, ветрот корнел покриви

Силно невреме попладнево зафати делови од Хрватска.

Во текот на денот, во Истра имаше локални врнежи, но попладнето се разви невреме кое го зафати и поширокото подрачје на Ријека. Епилог од невремето беа откорнати стебла и уништени покриви.

За ова подрачје денеска беше издандено портокалово предупредување.

„Бидете подготвени за посилни грмежи кои можат да предизвикаат голема штета и да се заштитите од молњата. Можно е оштетување на имотот и дрвјата. Можни се поројни поплави, силни ветрови и град, како и прекини во морскиот сообраќај“, соопштија надлежните.

Покрај Истра, неповолно време ги зафати и Карловац и Дуга Реса, каде падна град со големина на орев. Исто така, оштетен е и дел од зградата на градското собрание, чиј покрив беше срушен од ветрот.

Пожарникарите и полицијата се на местото на настанот, а засега нема информации за повредени.

Во Карловац паѓаше силен дожд и град, а некои жители известуваат дека градот им ги искршил прозорците, пренесува „Индекс“.