(ВИДЕО) Николоски: Каква е поврзаноста на Заев и Дончев

Каква е поврзаноста на Заев со првата снимка на македонски политичар кој што зема пари пред камера, праша денеска потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на прес-конференцијата посветена на најновите аудио снимки што се појавија на Јутјуб со екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.

„Дали со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да се повлече од директорската позиција, практично Зоран Заев овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев. Дали тоа беше причината поради која што Зоран Заев дозволи нечепнато да се повлече Ден Дончев од директорската позиција?“, беа дел од прашањата што Николоски ги постави на прес-конференцијата.

Тој исто така праша и за улогата на како пто рече адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски чиј глс наводно е на снимката.

„Зошто упорно молчи Заев за рекетот од над 6 милиони евра и видеата и снимките кои што беа објавени? Ова се баснословни суми за сите македонски граѓани, за сите они кои што ги слушаат. И зошто ги релативизира овие прашања и не бара одговорност од неговите луѓе? Одговорот е едноставен, затоа што одговорноста завршува со нив“, изјави Николоски.

Тој ја коментираше и изјавата на Заев дека ДУИ треба да замине во опозиција.

„Денес дознавме дека и ДУИ му пречи, иако 3 години братски владее со нив и направи коалиција во последен момент. Заеднички тогаш се договорија и ја нарече братска коалиција, а после три години пу пу не важи. Ама во овој период заеднички и братски воведоа двојазичност во Македонија, го променија името и ја продадоа историјата, се со цел да можат да владеат и да си го покриваат криминалот кој што почна да излегува затоа што криење на криминал нема“, рече Николоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ во кампањата ќе презентира програма со над илјада проекти и со фокус во економијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.