ВИДЕО| Николоски: Мојот сон е од Скопје до Солун со воз да се патува за час и половина

Додека премиерот Зоран Заев се занимава со дворски игри, јас размислувам како ВМРО-ДПМНЕ да понуди коцепт на ревизија на историските неправди, изјави во вторникот потпретседателот на опозициската патртија Александат Николоски во текот на гостувањето на Радио Лидер, појаснувајќи кој е неговиот сон за Македонија и како ја гледа пошироката слика за Македонија.

На прашање од новинарот Златев, Николоски рече дека не влегол во политиката за да биде дневно популарен политичар и дека сака да остави нешто позади себе.

„Додека Зоран Заев се занимава со дворски игри, јас размислувам како ВМРО-ДПМНЕ да понуди коцепт на ревизија на историските неправди“, рече Николоски.

Раскажа и како ја гледа политиката и кој е неговиот сон на долгорочен план за Македонија.

„Јас размислувам како ние да направиме како еден човек да седне во центар во Скопје во железничка станица во воз и за час и половина да биде во Солун“, потенцираше Николоски.

Во продолжение се задржи на поединостите од тоа како ги замислува промените кои ќе придонесат за благостобата на граѓаните.

„Мојот сон е како за час и половина во едно пријатно возење во воз којшто ќе се движи со 200 километри на час да се стигне од Скопје до Солун. Да можат солунчаните да дојдат во Скопје да испијат кафе и да направат бизнис, да можат скопјаните да отидат во Солун да испијат кафе и да направат бизнис, попатно да се застане во Велес, Гевгелија, и надолу во Ениџевардарско и во Солун. Размислувам како да се направи еден добар автопат кон Охрид и кон Струга за секогаш кога има убаво време за викенд да се отиде на Охридското Езеро, а да можат охриѓаните и стружаните полесно да дојдат во Скопје да завршат некоја работа“, рече Николоски во гостувањето на Радио Лидер.

Додаде дека, исто така, размислува како да се развијат источните региони на Македонија и да се подобри квалитетот на животот на луѓето кои живеат во овие области.

„Реализација на мојот сон ќе значи силно економско раздвижување на Македонија“, рече Николоски и потенцираше дека тоа би отворило нови работни места и ќе има повисоки плати за сите.