(ВИДЕО) Њујорк повторно отвора музеј на кучиња, за кучињата влезот забранет

Бронзени статуи, масла на платно и многу факти коишто можеби не сте ги знаеле за териториите, булдозите и чивавите… Њујорк повторно има свој музеј на кучињата, но пристап во него немаат четириножните миленици.

Музејот беше отворен во 1982 година, а по три децении откако беше преселен на Сент Луис, музејот повторно ќе биде отворен во Њујорк и ја поседува една од најголемите уметнички колеции во светот посветена на кучињата.

Меѓутоа, иако во обиколката на постојаната поставка посетителите ќе ги води виртуелно куче водич, во музејот не смеат да го поведат и сопствениот домашен миленик.

Отворањето ќе биде подоцна во февруари кога управата на музејот ги кани посетителите на специјалната изложба под називот „For the Love of All Things Dog“ (За љубов на пците), којашто ќе биде фокусирана на дела од XIX век, односно времето кога кучињата биле симбол од општествениот статус, па нивните сопственици нарачувале нивни портрети.

Меѓу бројните уметници познати по портретирање и сликање на кучињата чииште делови се изложени во музејот се застапени Едвин Ландсер, Мод Ерл и Артур Вардл. Посетителите може да видат и дела од современи уметници, како што се прикази на кучиња на мексиканскиот сликар Алфред Гарсија Агиљар, како и фотографија на неговата сограѓанка Вилијам Вегман.

Покрај уметничките дела, посетелите на изложбата ќе може да видат и експонати како што се на антички подводници за кучиња кои ја појаснуват улогата и општественото значење на кучињата во тој период.

Влезот во музејот сместен неколку блокови од Емпаер Стејт на Менхетен за возрасни чини 15 долари.