Не бевме совршени, но впишавме победа, изјави на прес-конференцијата по натпреварот Дидие Дешан, селектор на француската фудбалска репрезентација, која во првото коло од групата Д на ЕУРО ја победи Австрија со 1:0.
„Задоволен сум од начинот на кој одигравме, иако во одреден момент требаше да постигнеме два гола и така да го решиме натпреварот. Убаво е да се започне турнирот со победа, но во иднина мора подобро да реагираме во последната фаза од акцијата“, рече Дешан кој, исто така, изрази загриженост за повредатана Мбапе.
Во самиот финиш на мечот Мбапе со глава го удри рамото на австрискиот играч Данс, при што го повреди носот. Мбапе го напушти теренот со доста крв, но и со изместен нос.
„Сѐ уште не знаеме точно за што се работи. Можам само да кажам дека носот воопшто не му изгледа добро. Ова секако е негативна вест по овој натпревар“, додаде Дешам.
Во првиот тим на Франција се врати играчот од средниот ред Н’Голо Канте, кој остави многу добар впечаток на теренот во текот на 90 минути.
„Ова е добар резултат на стартот на турнирот. Можеше да биде подобро, но мислам дека темелите ни се многу добри. Треба да бидеме поефикасни. Многу е убаво чувството да се вратиш во тимот. Се чувствував удобно на теренот и меѓу моите стари соиграчи“, изјави Канте.
Les images de Kylian Mbappé quittant le stade pour se rendre à l'hôpital
— L'ÉQUIPE (@lequipe) June 17, 2024
🎥 @Tanziloic #AUTFRA #Euro2024 pic.twitter.com/utVIvCIwJm