(ВИДЕО) Нов хет-трик на Меси за победа на Барса над Мајорка

Фудбалерите на Барселона брз се вратија на чело на првенствената табела откако во 16-то коло со 5:2 на својот „Камп Ноу“ ја совладаа Мајорка, во натпревар во кој Каталонците постигнаа пет убави голови, од кои пособено чудесен беше оној на уругвајскиот ас Суарез.

Барса дојде во водство веќе во 7 минута откако Тер Штеген со дегажман го исфрли Антоан Гризман сам пред противничкиот голман, а Французинот елегантно со „поткопување“ ја погоди мрежата. По десет минути Лионел Меси го удвои водството на домашните со силен но и прецизен удар од 25-ина метри. Во 35 минута водството на домашните го намали Анте Будимир, но до крајот на првиот дел Меси уште еднаш од слична дистанца биеше неодбранливо крај Реина. Две минути потоа следеше вистинска масторија на Луис Суарез по типичната акција на Барса со многу куси додавања во гостинскиот шеснаесетник, а луцидниот Уругваец ја заврши со неверојатен удар со петица и сигурно ова е еден од најувавите голови сезонава во сите светски лиги. Будимир потоа уште еднаш на затресе мрежата на домашните во 64 минута, а во 83 минута Меси со „хет-трик“ ја прослави шестата Златна топка која претходно седмицата му беше доделена за најдобар фудбалер на континентот.

Претходно во саботата најголемиот конкурент за титулата на Барселона, мадридски Реал пред своите навивачи со 2:0 го совлада Еспањол. За десеттата првенствена победа на „Кралевите“ сезонава најголема заслуга има Карим Бензема кој во 37 минута му асистираше за погодок на Рафаел Варан а потоа во 79 минута на нафрлување на Федерико Валверда беше стрелец за конечните 2:0. На крајот од мечот во 83 минута, кај домашните беше исклучен Феланд Менди.

Барселона поради подобрата гол-разлика го сочува првото место пред Реал, и двата клуба имаат по 34 бодови, а ги следи Севилја со 30 бодови. Мајорка моментално со 14 бодови е 17-та, место над зоната за испаѓање, каде што е Еспањол претпоследен е 19-ти со девет бодови.

Во петокот Вилјареал и Атлетико Мадрид одиграа без голови, а во саботата Гранада со 3:0 го совлада Алавес, а Валенсија со 4:2 беше подобра на гостувањето кај Леванте.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.