(ВИДЕО) Нов напад врз британската полиција при растурање забава

Британски полицајци се нападнати додека се обидувале да ја растераат толпата на нелегална ноќна журка во западниот дел од Лондон, што е втор ваков инцидент во последните два дена.

Во периодот кога Велика Британија ги ублажува строгите мерки за карантин, полицијата мора да се справува со бројни илегални забави кои се организираат ширум земјата.

„Знаеме дека во текот на месеците на ограничувањата луѓето станаа фрустрирани и дека сакаат да се дружат, но овие илегални забави очигледно се недозволиви. Нападите врз полицијата кои ги видовме оваа седмица, исто така, се неприфатливи“, изjави за Sky News министерот за животна средина, Џорџ Јустис.

Во средата ноќта 22 полицијаци беа повредени, а многу полициски возила вандализирани кога избувна судир на непријавен музички настан во Брикстон, во јужен Лондон.

Дополнителни полициски сили беа ангажирани во четвртокот ноќта, но повторно беа нападнати во Нотинг Хил во западен Лондон, каде се одржувале повеќе непријавени музички настани кои биле масовно посетени.

„Разни предмети се фрлани врз полицијата. Таквото однесување или секое друго насилство нема да бидат толерирани“, соопшти лондонската полиција на Twitter.

Министерката за внатрешни работи Прити Пател ги опиша сцените во средата како „ужасни“, додека портпаролот на премиерот Борис Џонсон рече дека „насилството кон полицијата е грозно“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.