(ВИДЕО) Нов вооружен инцидент во источна Германија

32

Германската полиција во средата во раните попладневни часови потврди дека покрај инцидентот во синагогата во Хале, било пријавено и пукање во местото Ландсберг, кое е оддалечено 15 километри во сојузната покраина Горна Саксонија, пренесува таблоидот Bild.

Полцијата го потврдила инцидентот во Ландсберг и за агенцијата DPA, но засега не соопштува други поединости. Според Bild, пријавено било пукање и во гратчето Видерсдорф, во истиот регион.

Претходно во средата најмалку две лица загинаа во вооружен напад во синагогата во Хале. Според информациите во медиумите, на територијата на еврејските гробишта кои се наоѓаат покрај храмот, двајцата напаѓачи фрлиле и рачна граната.

Полицијата во Хале по пукањето привела еден маж, според објавата на Twitter. „Нашите службеници уапсија едно лице“, соопшти полицијата. Според полицијата, имало неколку лица кои пукале. Полицијата, исто така, апелира до локалното населние да не излегува од домовите.

Инцидентот се случи на еврејскиот празник Јом Кипур – денот на постот, покајанието и простувањето на гревовите во јудаизмот. Во врска со настаните во Хале властите одлучија да ги зголемат безбедносните мерки во синагогите, вклучително и онаа во Дрезден. Притоа припадниците на безбедносните сили ќе бидат вооружени со автоматски пушки.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.