(ВИДЕО) Нови жртви во Индонезија, на Сулавези најдени 34 тела во црква

Индонезиските спасувачи откриле тела на 34 студенти по теологија во црква на островото Сулавези, коишто ги затрупал нанос од кал по потресот и цунами во петокот, објави во вторникот портпаролката на локалниот Црвен крст, a властите објавија дека бројот на жртвите во стихијата се искачил на повеќе од 1.200, без засега да ја прецизираат точната бројка

„Вкупно екипата спасувачи пронајде 34 тела“, рекла Аулиа Ариани. Додала дека уште 52 студенти по тологија се сметаат за исчезнати.

Централниот дел на островот Сулавези е уништен во земјотресот од магнитуда 7,5 по кој во петокот вечерта следеше цунами со бранови меѓу два и три а на некои места и до шест метри височина и 170 последователни потреси, во кој вкупно настрадаа 844 лица.

Владини извори додале дека се проценува оти вкупно во стихијата загинале околу 1.200 луѓе. Конечниот број жртви веројатно ќе биде поголем, бидејќи во некои оддалечени и изолирани зони уште не стасале спасувачките екипи. Планинскиот дел од Сири Биромару, југоисточно од Палу, тежок е за пристап и спасувачи мора долго да одат да дојдат до жртвите.

Во крајбрежниот град Палу, брановите носеле луѓе, делови од куќи, автомобили и стебла. Преживеаните во меѓувреме се борат со недостиг од храна и вода, кои се ретки, а болниците се пренатрупани поради огромниот број повредени.

Индонезиската војска води акции за спасување, но по повикот на претседателот, меѓународните невладини организации, исто така, испратиле екипи на теренот. Канцеларијата за кординација на хуманитарната помош на ОН проценти во понеделникот дека има 191.000 луѓе кои имаат итна потреба од помош, од кои 46.000 деца и 14.000 постари лица.

Во топлата и влажна клима во Индонезија, распаѓањата на телата е многу брзо, што создава опасност од развој на болести, па закопите започнаа во понеделникот во голема заедничка гробница. Поради тоа индонезиските власти прогласи 14-дневна вонредна состојба.

Земјотресот што го погоди Сулавези беше посилен од низата потреси кои во август ја погоди Индонезија и во кој загинаа повеќе од 500 луѓе закинаа, а 1.500 се поврдени на островот Ломбок, покрај Бали.