ВИДЕО| Новинарката Ширин Абу Акле – „гласот на Палестина“, погребана во Ерусалим

Илјадници Палестицни во петокот присуствуваа на новинарката на телевизијата Al Jazeera, Ширин Абу Акле, истакната новинарија убиена во израелска операција, во Ерусалим кој беше одбележан со упад на израелската поклциија на почетокот од погребната поврорка.

Додека ковчегот со телото на застреланата новинарка беше изнесуван од Болницата на свети Јосиф во источен Ерусалим, палестински дел од градот кој го анектираше Државата Израел по ткн „Шестдневна војна“ во 1967 година, израелската полница упадна во дворот на болнциите и се обиде да ја растера масата со палестински знамиња и цвеќиња.

Како што јавија телевизиите од местото на настанот, израелските власти не им дозволиле на Палестинците пешки да одат од француската болница до Католичката црква за да учествуваат на опелото. Полицијата го принуди мноштвото да се врати пред портите на болницата. Израелците инсистирале ковчегот со телото на убиената да биде доставен во црквата со погребално возило.

Ковчегот за малку ќе испаднеше од рацете на оние коишто го носеа поради туркањето со полицајците, но во последен момент беше фатен, според снимките на локалните телевизијата на коишто се гледа и дека полицајците употребуваат палки.

Палестинската Црвена полумесечинба наведува дека во судирите на погребот биле повредени 33 лица. Израелската полиција, пак, објави дека привела шест лица.

Во средата американско-палестинската новинарка на катарската сателитска телевизија Al Jazeera беше убиена со истрел во главата, додека известувала за израелската рација во бегалскиот камп во Јенинм на северот на Западниот брег, палестинска енклава која Израел ја зазема во 1967 година. Аби Акле носила заштитен непробоен елек со голем натпис „presse“ и шлем, вообичаена опрема за новинарите кои известуваат од насилни безредија или војни.

Израелските власти во почетокот тврдеаа дека новинарката е убиени „веројатно“ од палестински куршум. Но потоа соопшти дека не ја исклучува можноста смртоносниот куршум да го истрелале израелски војници. Палестинската самоуправа, Al Jazeera и катарската влада ја обвинија изаелската власта за убиството. Според некои сомневања, Абу Акле била застрелана со истрел од снајпер.

Во четвртокот, палестинскиот претседател Махмуд Абас, на прошталната церемонија од убиената новинарка во Рамала, ги обвини израелските окупациски власти за убиството и рече дека Палестинците ќе го предадат случајот до Меѓународниот кривичен суд.

Европската унија ја осуди „прекумерната употреба на сила и непочитувањето на израелската поција кон учесниците на погребната поворка“, изјави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Белата куќа порача дека е „крајно вознемирена“ од снимките од погребот на Абу Акле. Истовремено во петокот американскиот претседател Џо Бајден изјави дека треба да се истражи смртта на новинарката, одговарајќи на новинарско прашање дали ја осудува акцијата на израелската полиција врз присутните на погребот.

„Не ги знам сите поединости, но знам дека треба да има истрага“, одговори Бајден.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.