ВИДЕО Ново хит видео на хрватскиот пензионер: Покажува како вежба на 82 години

Виралната снимка во која пензионер од Загреб објаснува дека грипот не постои и дека пензионерите наместо да го оптоваруваат здравството треба да вежбаат стана хит во регионот и има повеќе од 500.000 прегледи.

Но пензионерот Тони Селмани (82) сега покажал и дел од вежбите кои ги практикува за да биде во добра форма.