Во Хрватска започна ново силно невреме, снимки од апокалиптичните сцени ги преплавија социјалните мрежи. Во Пореч има огромен црн облак кој го „проголта“ овој приморски град.
Nevreme u Poreču! #Oluja pic.twitter.com/z3UOO3yArR
— Nikola Martać™ (@NikolaMartac) July 21, 2023
За Загреб најлошото помина, фронтот сега стигна до источниот дел на Хрватска силно невреме во моментов беснее особено околу Бјеловар, но и на Кварнерските острови!
Силно невреме со грмотевици слично на она од пред два дена го погоди Загреб и околината. За разлика од средата, ураганските ветрови изостанаа. Но, дојде до нови штети. Дрво и кабли за струја паднаа на Бијеник.
Zagreb, Malešnica pic.twitter.com/UuIkPNZHSD
— Jabuka.tv (@jabukatv) July 21, 2023
Силното невреме го опустоши истарски Новиград. За само 15 минути невремето собори околу 200 дрвја, уништен е кампот Сирена, оштетувања имало и во кампот Лагуна, оштетени се бројни автомобили и камп приколки, дрвја во градот паднале врз црквата, уништени се паркови.
Veliko nevreme u Lovranu vetar, kiša, tuča… pic.twitter.com/EobS3r5eWk
— vladimir nikolic (@vladnik55) July 21, 2023
Невидено невреме што го погоди попладнево овој дел од Хрватска за само 15 минути упредизвика огромна материјална штета, но за среќа нема повредени.