(ВИДЕО) Нуркиќ го сопре Јокиќ, Филаделфија ја подготви „метлата“ за Вашингтон

13

Одличната одбрана на Јусуф Нуркиќ врз главниот кандидат за МВП-признанието сезонава во НБА, Никола Јокиќ, е главната причина за лесната победа на Портланд трејлблејзерс (115-95) со која изедначи во воведната плејоф-рунда на 2-2.

Босанскиот репрезентативец се покажа како „пеницилин“ за српскиот центар, кој средбата ја заврши со, за него, мизерен учинок од 16 поени, откако на претходните три средби во просек реализираше 36 поени. Нуркиќ истовремено беше одличен во нападот реалзиирајќи 17 поени. Јунак кај „пионерите“ од Орегон беше Пауел со 29 поени додека Мекалум реализира 21, а клучна за победата беше третата четвртина која ја добија со 36-19.

Кошаркарите на Филаделфија севентисиксерс се на чекор до пласман во конференциското полуфинале, откако ноќеска, без многу мака, повторно го збришаа Вашингтон визардс (132-103) и ја подготвија „метлата“. Тие сега водат со 3-0 во серијата, а најзаслужен за тоа беше Џоел Ембид со 36 поени. Кај „волшебниците“ забележителен беше само Расел Вестбрук со 26 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.