ВИДЕО| NYT ја потврдил автентичноста на снимката со егзекуција на руските војници во Украина

Влијателниот американски дневен весник The New York Times објави кон понеделникот дека добил потврда за автентичноста на видео снимката од местото на егзекуцијата на руските воени заробеници од страна на украински војници во градот Макеевка.

Во прилогот на весникот се наведува дека видеозаписот „чијашто автентичност му е потврдена на New York Times, нудејќи редок поглед на еден од многуте ужасни моменти на војната“. Притоа се истакнува дека снимката била споредена со сателитските снимки и дошле до заклучок дека се направени во Макеевка.

Медицинскиот советник на невладината организација „Лекари за човекови права“ Рохини Хаар во разговор за весникот рекол дека локвите од крв на заробените на снимките укажуваат дека „не се вложени напори да се подигнат (заробените) или да им се помогне“. Притоа, како што забележува Хаар, руските војници лежеле на земјата, очигледно невооружени, рацете им биле ставени на тилот или испружени.

„Тие се сметаат за онеспособени или неборбени, фактички воени заробеници“, рекол Хаар.

Како што натаму наведува NYT, експертката за воени злосторства ива Вукушич „изјави дека обвинителот на Меѓународниот кривичен суд најверојатно ќе ја разгледа оваа епизода, имајќи го предвид количеството внимание што го привлече“.

Според Вукушич, за истрагата ќе биде неопходно да се посети местото каде што се случила егзекуцијата за да се утврди кој каде бил во моментот и да се соберат чаурите. Покрај тоа, според експертката, неопходно е да се спроведат патолошки и форензички испитувања, како и да се проучат дејствијата на украинската војска во престрелката, додала Вукушич.

Експертката истакнува дека украинските власти имаат можност да спроведат истрага и ги охрабрува отворено да ги споделат своите наоди.

Во петокот на интернет се појави видео на коешто се гледа како украински војници егзекутираат руски војници кои се предале и лежат на земјата. Според рускиот челник на одделот за човекови права Валериј Фадеев инцидентот се случил во местото Макеевка и го нарече инцидентот „демонстративно пркосно злосторство“ и побара меѓународна истрага. Снимката е испратена од Високиот комесаријат за човекови права на ОН, до ОБСЕ, Советот на Европа, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, меѓународната невладини организација за човекови права Amnesty International. Во саботата рускиот Истражен комитет отвори кривично дело за случајот.

Во неделата, пак, украинскиот комесар за човекови права Дмитро Либинец ги отфрли обвинувањата од Москва за погубувањето на руските воени заробеници, истакнувајќи дека украинските војници наводно „се бранеле од Русите кои се преправале дека се предаваат“.

Лубинец изјави дека „делови од видео-снимката“ кои ги претстави Москва како доказ дека режимот во Киев ги погубува руските воени заробеници „прикажува руски војници кои се претвораат дека се предаваат“ и всушност тие наводно „сториле воено злосторство пукајќи врз украинските вооружени сили“.

„Руските војници убиени во тој инцидент не можат, значи, да се сметаат за воени заробеници. Оние кои сакат да ја искористат заштитата на меѓународниот закон за да убиваат, мора да бидат казнети“, брутално порача украинскиот функционер на Telegram.

Станува збор за неколку снимки кои ги снимил украински војник во борбената зона, на којашто десетина руски војници излегуваат еден по еден од засолниште со кренати раце и легнуваат на земјата на команда на Украинците кои во нив држат вперено оружје. Снимката нагло е прекината во моментот кога темна силуета излегува од засолништето и се слушаат истрели.

На втората снимка направена со дрон, се гледаат десетина тела кои лежат во локва крв, од кои едно има дупка од куршум во главата.

Руското министерство за одбрана во петокот објави дека снимките го докажуваат она на што Москва долго предупредува за „намерно и системско убивање“ на руските воени заробеници, па и на цивили. Руската дипломатија апелираше на меѓународните организации „да го осудат ова страшни злосторство“ и „што поскоро да спроведат истрага“.

Портпаролот на Обединетите нации во мисијата во Киев изјави во петокот дека организацијата е „запознаена со снимките и оти ги проучува“.