ВИДЕО: Објавена аудио бомбата за Заев како му помагал на Боки 13

701

Пратеникот Антонијо Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања, денеска, презентираше аудио снимка на кој по се’ изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев.

На снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски, кој пак е главно осомничен во „Рекет“ заедно со бившата специјална обвинителка Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.

Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач, кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време поранешниот премиер бил во комуникација со главно осомничениот во „Рекет“, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки Јовановски.

Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.