(ВИДЕО) Објавена првата видеоснимка од спуштањето на „Perseverance“ во Марс

Американската агенција за вселенски истражувања NASA во понеделникот објави несекојдневна видеоснимка од атерирањето на нејзиниот роботизиран ровер „Perseverance“ на Марс, прв од овој вид, откако во четвртокот започна нејзината мисија на Црвената планета.

Видеоснимката во траење од малку повеќе од 3 минути открива призори снимени со помош на неколку камери поставени на различни места на модулот, по влегвуање во атмосферата на Марс: една го снимала отворањето на суперсоничниот падобран, втората сместена под возилото ја покажува почвата на планетата од блиску, а другите две забавеното спуштање на роботскот возило кое виси на три кабела. Но ниеден звук не можело да се биде снимен до вртоглавото атерирање, извести NASA.

„Ова е првапат да можеме да снимиме настан како што е спуштењето на Марс. Ова е навистино фантастично“, изјави на прес-конференција Мајкл Воткинс, директор на лабораторијата на NASA за млазен погон близу Лос Анџелес Jet Propulsion Laboratory (JPL).

„За ваквите форографии и видеоснимки сонувавме со години. Тие ќе ни помогнат подобро да разбереме што се случува во текот на таквото спуштање“, додаде Ален Чен, задолжен во NASA за слетувањата. Т

Роверот бил заштитен со термичка изолаторска обвивка, кога со брзина од 20.000 километри на час влезе во атмосферата на Марс. На видеото се може да се види како обвивката лежи на површината на планетата.

Спуштањето на роботскиот ровер бил опасен потфат, а локацијата на којашто се спуштило, кратерот Језеро, било најрискантното на коешто некогаш е направен обид за слетување, поради нејзиниот релјеф.

Роверот на шест тркала сега ќе мине најмалку две години дупчејќи ги блиските карпи во потрага по знаци на евентуалниот живот на Црвената планета во данешното минато.

Во седиментата на оваа делата којашто роверот ќе ја истражува, научниците ќе трагаат за знаците на биолошки промени. По обрадата на тој дел од делтата, роверот треба да тргне кон работ на кратерот на кој се откриени седиментни карпи коишто на Земјата добро се задржуваат траги од биолошките активности.

Локацијата Језеро е широка 45 километри и содржи разни видови карпи, меѓу кои и глона и седиментни карпи кои може да се зачуваат органиски молекули кои би можеле да упатата на некогашниот живот на Марс.

Уредот „Perseverance“ најинтересните откритија ќе ги спакува во мали садови и ќе ги остави на површината на планетата, а NASA и Европската вселенска агенција (ESA) имаат план да ги вратат тие целиндри на Земјата до крајот на оваа деценија.

Кратерот Језеро на Марс го доби името во 2007 година кога така го нарече Меѓународната астрономска унија (IAU). Кратерот е така наречен поради сличноста на местото со она каде што реката Плива која протекува низ Језеро во Босна и Херцеговина и се влева во Пливското езеро.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.