ВИДЕО| Објавени снимки од американско-руската размена на затвореници

Руската служба за надворешни разузнавање Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави снимки од размената на рускиот државјанин Виктор Бут кој мина речиси 15 години во затвор во САД, за американската кошаркарка Бритни Грејнер, која се оствари во четвртокот по повеќемесечни преговори

Во ноември беше објавено дека Москва и Вашингтон разгледуваа договор според кој Грејнер, којашто се соочува со десет години затвор во Русија по обвинувањата за криумчарење дрога, може да се врати во САД во замена за осудениот руски бизнисмен Бут, осуден за нелегално тргување со оружје во САД за одредени групации.

На денеска објавената снимка се гледа како Бут влегува во авион на локација која не е соопштена и кусо разговара со неколку лица кои ги пречекуваат зборувајќи за неговото здравје.

Потоа тој телефонски разговара со семејството, а во разговорот со мајката рекол дека пред размената во авионот бил директно донесен од затворската ќелија. Бут објаснил дека по процедурата летал преку англиски Манчестер.

„Ме изведоа од ќелијата со сите мои работи. Потоа (лет од) седум часа до Манчестер и седум часа од Манчестер. Па и во Манчестер чекавме еден час додека наполнат гориво“, рекол Бут, пренесува агенцијата РИА.

Руската тајна служба, исто така, го снимала и предавањето на Грејнер, како ги потпишува документите, врачување на нејзиниот пасош, пристигнување на спортистката на аеродромот и нејзиното качување во авионот.

Американската телевизиска мрежа CNN објави претходно во четвртокот дека американската кошаркарка Бритни Грејнер е ослободена од рускиот притвор поради размена на затвореници за осудениот руски трговец со оружје Виктор Боут. Таа беше уапсена на Московскиот аеродром на 17-ти февруари по враќањето од САД, наводно со масло од канабис чие поседување во Русија е забрането и казниво. Претседателот Џо Бајден објави на Twitter дека зборувал со Грејнер, дека таа е безбедно и е во авион на пат за дома во САД.

Размената на Бут за Грејнер се случи во четвртокот, по долги дипломатски напори на Вашингтон и Москва. Рускиот и американскиот претседател ги помилувале двајцата вклучени во размената, изјави Татјана Москалкова, омбудсман за човекови права во Русија. Тоа значи дека кривичното гонење е конечно прекинато, Бут и Грејнер добиваат целосна слобода на движење, појасни.

Според CNN денешната размена не го вклучил случајот на поранешниот американски маринец Вилан датира од 2018 година, кога е уапсен во операција на руското разузнавање насочена против странски шпиони. Беше обвинет за шпионажа и осуден на 16 години затвор во ткн казнена колонија, односно работен затвор. Неговиот татко повеќепати престојуваше во Москва и тврдеше дека тој допатувал во Русија за да присуствува на некоја свадба. Американецот не се жалеше и во моментов ја отслужува казната во Мордовија надевајќи се на размена на шпиони меѓу Вашингтон и Москва, што досега не се оствари.

Американската кошарка Бритни Грејнер беше во притвор од средината на февруари под обвинение за внесување дроги во Русија, откако наркотиците се пронајдени во нејзиниот рачен багаж со „течна супстанција со специфичен мирис“ на московскиот аеродром откако допатувала од Њујорк. Експертизата покажала дека станува збор за масло од хашиш, според рускиот Истражен комитет и за ова дело ѝ се заканува до десет години затвор. Триесет идвегодишната Грејнер, според тврдењата на САД, тврди дека наводно ѝ било кажано да потпише документи наводно без никакво објаснување, а преведувачот наводно само пренел „само дел од нејзините детални одговори“ во текот на истрагата по приведувањето на аеродромот.

Рускиот претприемач Виктор Бут е во американски затвор од 2008 година, кога беше уапсен на Тајланд од припадници на американските тајни служби. Бут беше обвинет за наводно планирање заговор за убиство на Американци и материјална поддршка на тероризам, а тој ги отфрли обвинувањата по сите точки. Во Тајланд тој доби два процеса против неговата екстрадиција во САД, кои потоа под притисок од Вашингтон беа поништени и додека сѐ уште беше под јурисдикција на тајландската влада беше пренесен во Њујорк каде што во 2012-та беше осуден на минимална казна според обвинението – на 25 години затвор. Американските медиуми го нарекота „Трговец со смртта“, а доследно американските политики, Холивуд сними и филм за кој тврди дека е базиран наводно на неговиот живот „Господар на војната“ во кој Николас Кејџ толкува лик на бескрупулозен трогвец со оружје.

 

 

https://apnews.com/caad93bd79a0411da149a37013ed4222