ВИДЕО: „Обама“ ограбил продавница за крофни

Непознат маж кој бил маскиран со маска на ликот на претседателот на САД, Барак Обама ограбил продавница за крофни во Масачусец.

Подготовките за традиционалното маскирање по повод Ноќта на вештерките крадецот го искористил за да се маскира како претседателот на САД и заканувајќи се со пиштол да влезе во продавницата.

Разбојникот бил снимен од сигурносните камери додека барал од продавачот да ги извади сите пари од касата, но речиси е невозможно тој да биде идентификуван.

Полицијата во Масачусец покренала истрага, затоа што разбојникот бил снимен уште на една камера но без маска.

Ова не е прв случај разбојник да користи маска на позната личност при обид да изврши разбојништво. Во 2009 та година еден маж ограбил две банки во Калифорнија додека носел маска со ликот на поранешниот претседател на САД Ричард Никсон, а во јули бил уапсен уште еден маж кој ограбил банка маскиран во Алберт Ајнштајн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.