(ВИДЕО) Обид за ликвидација во Белград, жртвата преживеала два куршума в глава

Триесет и петгодишниот Александар Шарац, наводно член на криминалната организација Пинк Пантер, околу 16 часот во саботата бил застрелан во гаражата на Трговскиот центар Ушче во Белград. Но, тој преживеал иако имал два куршуми во главата.

Како што пишуваат белградските медиуми, напаѓачот му пришол на Шарац во моментот кога тој се приближувал до своето возило „мерцедес“ и истрелал два куршума директно во главата, а потоа избегал. Била преземена опсежна полициска операција, под кодно име „виор“, во потрага по сторителот, а медиумите јавуваат дека цел Нов Белград бил практично блокиран.

Иако прво се појави информацијата дека Шарац починал на самото место на нападот, по пристигнувањето во болницата лекарите успеале да го реанимираат и тој се наоѓа на одделот за интензивна нега.

Напаѓачот бил снимен од безбедносните камери, носел црвена јакна, капа и маска.

Шарац не е првпат цел на напад.

Како што пишуваат медиумите извесен „суров професионелн убиец“ познат како Чаба Дер, кој моментно е во затвор во Унгарија, во јануари 2019 година бил ангажиран за убиство на Шарац, но убиецот не ја забележал разликата и го застрелува ладнокрвно со два истрала неговиот зет Небојша Марковиќ, а убиството беше снимено од надзорни камери на кои се гледал јасно ликот на Дер.

Шарац имал подебело криминално досие, а еден од поголемите пленови со својата банда го зеле при грабеж за време на операциите во Милано во септември 2016 година, во една луксузна продавница за накит. Во тоа време бил уапсен, а украдениот накит имал вредност од повеќе стотици илјади евра, пишуваа тогаш италијанските медиуми.

Шарац бил уапсен во Србија по меѓународна потерница, а од затвор е ослободен кон крајот на 2018 година.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.