(ВИДЕО) Објавен трејлерот за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

На неколку дена пред светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, продукцијата „Сестри и Брат Митевски“ го објави и официјалниот трејлер.

Тој е изработен од страна на агентот за продажба „Пирамид“ од Франција, кој е најсилниот во моментов и кој застанува зад филмови што ја одбележуваат врвната европска кинематографија.

Инаку, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабораторијата и музиката во Белгија, Франција и во Словенија.
Утре почнува престижниот филмски фестивал Берлинале, а за нашиот претставник за „Златна мечка“, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, има закажано 8 проекции!

Билетите се веќе распродадени, а целата македонска екипа заминува за Берлин со надеж за освојување на престижната награда.