(ВИДЕО) Објавена снимка од експлозија на метеорит над Беринговото Море

На интернет во вторникот се појави прелет на метеорит кој експлодирал во декември над Беринговото Море во близина на бреговите на Камчатка.

На видео записот може да се забележи трага од чад од небесното тело, а на следните кадри е регистриран самиот момент на експлозијата.

Инцидентот бил забележан од аметиканските воени сателити на височина од 25,6 километри над површината на Земјата.

Моќта на експлозијата била десет пати посилна од онаа на атомската бомба фрлена од американсата авијација врз јапонска Хирошима летото 1945 година.

Според соработникот на американската агенција за вселенски истражувања NASA, Линдли Џонсон, метеоритот експлодирал во близина на воздушна маршрута којашто ја користат цивилните авиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.