(ВИДЕО) Објавена ‘соголената’ верзија на песната ‘Time’ на Фреди Меркјури

Верзијата на песната „Time“ во изведба на Фреди Меркјури е објавена во четвртокто по долгото трагање по снимката направена во славното лондонско студио „Abbey Road“ во 1986 година.

Само со калвирска придружба, покојниот фронтмен на легендарниот бенд Queen ја пее поедноставната верзија на песната „Time“ коај ја смимил како соло уметник со британскиот музичар и продуцент Дејв Кларк за истоимениот лондонски мјузикл.

Новата верзија е објавена под нејзиното целосно име „Time Waits For No One”

„Тоа се само Фреди и клавирот и тоа стварно покажува каков неверојатен изведувач бепе, имаше неверојатен распон на гласот. Морници ми минаа поради начинот накој пее, како да го вкусува секој збор“, вели за Reuters Кларк кој ја пронашол снимката по догли години барање.

Фреди Меркјури почина во 1991 година од воспаление на белите дробови поврзано со СИДА.