(ВИДЕО) Очајна мајка си ги фрла децата од прозор за да ги спаси

Мила Аксакова (36) од Русија е снимена во моментот додека за време на пожар ги фрла своите деца низ прозор од четврти спрат, за да ги спаси.Тоа го направила за своите девојчиња Вања (4) и Наталија 13 да ги спаси од сигурна смрт.

Видео снимката прикажува како децата летаат низ прозор и како комшиите ги фаќаат со чаршави.За среќа спасувањето било успешно, девојчињата преживеале.

Очајната мајка, сметајќи дека чаршавот нема да да ја издржи нејзината тежина не скокнала од прозор. Останала во станот надевајќи се дека пожарникарите ќе дојдат на време, пред да сезагуши.

Пожарникарите сепак успеале да ја спасат, а истовреме од зградата биле евакуирани 140 жители.