17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

(ВИДЕО ОД АКЦИЈАТА) Затекнати граѓани без сертификати, затворени угостителски објекти!

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи вчера (11.02.2022) беа извршени инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетово и околните населени места.

Притоа, времено се затворени четири објекти по член 64 од Законот за заштита на населението од заразни болести и од страна на ДПИ запечатени се со пломби. Во два објекта беа констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата.

Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на УЈП по основ на неиздавање фискални сметки.

Инаку, во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните ковид-сертификати (потврди), а во два објекта затекнати се лица без соодветни лиценци, кои вршеле работа како обезбедување на објектите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.