Видео од апсењето на Блерим Ахмети, по протестот во Тетово

Полицијата го уапси Блерим Амети, организатор на денешните протести во градот Тетово, објави ТВ Шења.

Како што може да се види на самото видео Ахмети седи во кафуле, а во еден момент упаѓаат повеќе полицајци и како што може да се слушне од истото му велат „мораш да дојдеш со нас, бидејќи си уапсен“, во еден момент тој му се обраќа на полицаецот со кого разговара, „ова го разбирам како диктатура“, на што тој му возвраќа „не, не, нема тука диктатура“. По краток разговор со полицијата Блерим Ахмети со лисици на рацете беше спроведен во полициската станица во Тетово.

Имено, вчера беа организирани протести во Тетово, каде беше побарана одговорност за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, каде што животот го загубија 14 лица.

Видеото може да го погледнете на овој ЛИНК