Видео од мртвото тело на тинејџерот кој се застрелал после масакрот на Крим

Руските медиуми ги објавија морничавите фотографии од телото на убиецот Владислав Росалјков кој што уби 19 деца и рани десетина во политехничкото училиште на Крим, по што изврши самоубиство.

Неговото мртво тело било пронајдено на вториот кат од библиотеката во училиштето. На фотографиите кои што ги објавија руските медиуми може да се види како 18-годишниот тинејџер лежи облеан во крв покрај полица со книги и пушка во рацете.

https://www.youtube.com/watch?v=Z4LyAgb6GqA

Покрај неговото тело, била пронајдена и торба полна со експлозивни направи и муниција.

Да потсетиме, во Политехничкото училиште на Крим, вчера во околу 14 часот по локално време се слушнала силна експлозија, а потоа и пукање. Сведоци откриваат дека виделе еден маж како го убива портирот, а потоа доаѓа до експлозија и пукотници.

Децата паѓаа како покосени. Застанав и видов како група на луѓе се собира пред училиштето. Отидов да видам што се случува. Таму веќе се наоѓаа возилата на Итната помош, државната сообраќајна инспекција, војска, полиција, пожарникари. Ги изнесуваа жртвите. Главниот влез беше разрушен, а на приземје немаше прозорци“, раскажува сведок за „Russia Today”.

Мотивот за масакрот се уште не е познат. Иако најпрвин беше пренесено дека станува збор за терористички напад, откако беше идентификуван напаѓачот, објавено е дека станува збор за криминален акт.