Видео од нападот во Анкара: Моментот кога бомбашот влегува во зградата на Полицијата

spred zgrade Crvenog polumjeseca Ministarstva unutrašnjih poslova u turskoj prijestolnici Ankari čula se eksplozija, praćena pucnjem. Nakon eksplozije i pucnjave koje su se čule u blizini zgrade Ministarstva unutrašnjih poslova Turkiye, policijske snage su preduzele opsežne mjere na tom području. ( Ahmet Okur - Anadolu Agency )

Моментот кога бомбашот-самоубиец влегува во Генералниот директорат на полицијата во Анкара, може да се види на видео од локалните камери.

Двајца напаѓачи, кои со мало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција на полицијата во Анкара, утринава во 9:30 часот по локално време извршиле бомбашки напад. Еден од напаѓачите се разнел, а другиот е неутрализиран.

При пукањето на отворено, двајца турски полицајци биле полесно ранети.

Обвинителството во Анкара покрена истрага за нападот кој е означен како терористички напад.

Имајте предвид дека видеото може да биде ВОЗНЕМИРУВАЧКО: