На интернет во неделата се појави снимка од смртоносниот напад во локал во градот Дејтон, во сојуната американска држава Охајо во кој беа убиени десет луѓе, а властите објавија дека бројот на ранетите се искачил на 26 лица.
Видеото го снимил еден од очевидците на масакрот од својот автомобил. На записот се слушаат истрели од огнено оружје, и автомобили како набрзина го напуштаат местото. На крајот од снимката, сведокот го стартува својот автомобил и ги напушта паркингот.
Според последните информации на полицијата, бројот на жртвите е непроменет – десет, а оти бројот на ранетите се зголемил на 26 луѓе. Припадниците на полицијата го неутрализираел напаѓачот за помалку од една минута, додавајќи само дека тој на себе не носел заштитен елек.
Властите не објавија засега никакви поединости од пукањето околу 1,20 часот утрото по локално време во кафулето „Ned Peppers“ на улицата „East Fifth“, во округот Орегон, историски кварт препознатлив по ноќните клубовим, барови, уметнички галерии и продавници.
Ова беше втор масовен вооружен инцидент во САД за помалку од едно деноноќие. Неколку часа пред трагедијата во Дејтон, 21-годишник индетификуван како Патрик Крузиос, отвори оган од јуришна автоматска пушка во трговски центар во Ел Пасо, во државата Тексас. Во овој напад убиени се 20 луѓе, а исто така, ранети се 26 други лица.
Иако властите не го потврдија неговиот идентитет, ниту детално го опишаа неговиот манифест објавен на интернет страница 8chan неколку часа пред нападот. Во него според медиумите зборува дека ја „штити својата земја“ од „инвазијата“ на странците и го поддржува Австралиецот 28-годишниот Брентон Тарант, кој во март годинава во напади врз две џамии во новозеландскиот град Крајсчрч уби 51 човек, а рани уште 50 други. Документот го објавил анонимен корисник кој објави уште еден документ по наслов „P. – Crusius“. Овој документ е отстранет, и неговата содржина не е позната.
Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме изјави дека безбедносните служби брзо реагирале на пукањата во Ел Паси и во Дејтон.
„ФБИ, локалните и државните агенции заедно работат во Ел Пасо и во Дејтон, Охајо. Информациите брзо доаѓаат од Дејтон. Многу е веќе познато за Ел Пасо. Безбедносните агенции делуваа многу брзо и во двата случаи. Господ да ги чува жителите на Ел Пасо во Тексас и Дејтон во Охајо“, напиша на Twitter претседателот Трамп.