(ВИДЕО) Од сѐ срце огромна благодарност до сиот народ што излезе вечерва

„Од сѐ срце огромна благодарност до сиот народ што излезе вечерва, но и до оние коишто останаа во домовите, а со срцата и мислите се со нас. Нѐ има сѐ повеќе и ќе бидеме сѐ посилни, вечерва за Делчев. А Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет. Тој е Македонија и столбот на постоење како народ“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, поткрепувајќи го величенствениот протест со импресивно видео.