ВИДЕО| Одбрано местото за слетување на роверот „Viper“ на Месечината

Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави дека во 2023 година на Месечината ќе го испрати роверот „Viper“ кој во областа на месечевиот јужен пол, познат како кратерот Нобилe, ќе трага по замрзната вода.

Стручњаците на NASA избрале локација близу западниот раб на кратерот Нобиле широк 73 километри, кој е речиси целосно во темнина.

„Нобиле е значаен кратер близу јужниот пол, а настанал при судар со друго помало вселенско тело“, изјави за новинарите Лори Глејз, директорка на одделот на NASA за науките за планетите.

Станува збор за една од најстудените области во Сончевиот систем, а досега е истражено само од далечина со помош на сензори.

„Роверот ќе се приближи до месечевата површина, дури и ќе изврши и дупчења малку подалеку“, рече Глејзер.

Димензиите на роверот се слични на димензиите на возилата кои се користат на терените за голф, односно 1,5х1,5х2,5 метри, а тежи околу 430 килограми. „Viper“ помалку и наликува на дроидите од серијалот „Војни на ѕвездите.

За разлика од роверите кои се користат на Марс, со „Viper“ може да се управува во речиси реално време, бидејќи оддалеченоста од Земјата е многу помала, само околу 300.000 километри или 1,3 светлосна секунда. Воедно, овој ровер е и побрз и достигнува брзина од 0,8 километри на час.

Роверот на сончев погон има батерија со траење од 50 часови, изработена така што може да поднесе и екстремни температури, како и да се движи странично како рак, за неговите плочи постојано да бидат насочени кон Сонцето поради полнење.

Научната цел на мисијата е со помош на „Viper“ да се дознае како замрзнатата вода воопшто стасала на Месечината, како таму останала зачувана со милијарди години и каде сега оди.

Мисијата на роверот „Viper“ е дела од „Artemis“, американскиот план за враќање на луѓето на Месечината и за истражување на нејзината површина. Вселенската агенција се надева дека роботизираната подвижна лабораторија ќе ја потврди присутноста на замрзната вода веднаш под површината, кој еден ден би можела да се претвори во ракетно гориво за мисиите на Марс и натаму во Вселената, како и да се искористи за добивање вода за пиење.

Во NASA планираат да испратат астронаути на Месечината до крајот на деценијата. Во рамките на програмата „Artemis“ на Месечината ќе патува и првата жена, како и првата црномуреста личност. Оваа мисија би требало да го отвори патот за долгорочната присутност на луѓето на единствениот природен сателит на Земјата.

Проект менаџерот на мисијата Даниел Ендрјуз, од Истражувачкиот центар Амерс на NASA во Калифорнија, вели дека таа ќе им помогне на научниците да разберат во колкава мера е едноставно или комплицирано за луѓето да стасаат до мразот на површината на Месечината.

„Доколку ресурсите ги има многу и доколку бидат пристапни, тоа ќе ја измени природата на одржливоста на луѓето на Месечината и ќе ни помогне да сфатитем како да дојдеме до тие ресурси“, појасни Ендрјуз.