14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ВИДЕО) Одличен настап на Џенифер Лопез на празниот Тајмс Сквер во Њујорк

Американската музичка и филмска sвезда Џенифер Лопез настапи на Тајмс Сквер во Њујорк на новогодишната ноќ, а коментарите за нејзината одлична изведба не стивнуваат.

Новогодишниот перформанс на Џенифер Лопез, кој бил организиран за специјалното новогодишно шоу на ABC каналот „New Year’s Rockin’ Eve “ на Дик Кларк, бил во знакот на бели и металик бои, пренесува Daily Mail.

На Тајмс Сквер во Њујорк немаше вообичаена толпа луѓе што одбројуваат секунди и го следат спуштањето на топката што ќе означи крај на 2020 година, бидејќи полицијата ги отстранувала луѓето и возилата што ќе застанеле во надеж дека ќе ја видат сјајната кристална топка како се спушта.

Пејачката (51) изведе компилација од нејзините хит песни пред да падне кристалната топка на полноќ на Тајмс Сквер, а во последните минути пред полноќ, под експлозија на конфети, го отпеа класикот на Аеросмит „Dream On“.