(ВИДЕО) Одрон од тиња носеше сѐ пред себе

На интернет е поставена видео снимка од уништувачката моќ на порој од тиња која го погодила градскиот округ Логнјан во кинеската поровинција Фуцјан.

На снимката се гледа како големата маса кал и наноси ги носат оградите и автомобилите. Според локалната телевизија CGTN, во оваа непогода животот го загубило едно лице.

Во јужните региони на Кина секоја година со почетокот на летото започнува сезоната на големи врнежи, додека на северот од земјата започнува периодот на суша. Во поплавените области редовно се спроведуваат масовни евакуации.

Годинава од поплавите беа најмногу погодени автономниот регион Гуанси- Жуанг, како и провинциите Џианси, Фуџиан и Гуангдонг. Годишно повеќе од 80 луѓе ги губат животите или се водат како исчезнати поради природните непогоди, вклучително и поплавите и свлечиштата на кинескиот југ.