ВИДЕО: Јокиќ блескаше, Денвер триумфираше против Портланд

Српскиот центар Никола Јокиќ го водеше Денвер до петта победа во низа во НБА лигата. Доцна синоќа Нагетси беа убедливи против Портланд со 125:94, а Јокиќ за малку ќе комплетираше уште еден „трипл-дабл“ учинок.

Членот на Денвер за помалку од три четвртини запиша 28 поени, по девет скокови и асистенции, а на спротивната страна Си Џеј МекКолум постигна 21 поен.

Во Западната конференција Нагетси се на третата позиција (9-4), зад Вориорси и Санси, додека Портланд после осмиот пораз сезонава е на деветтото место (6-8).

Кевин Дурант доминираше со 33 поени и осум скокови во 10 победа оваа сезона на Бруклин на гостувањето кај Оклахома (96:120). Беше следен од Австралиецот Пети Милс кој забележа 29 коша.

За „громовите“ канадскиот интернационалец Шеј Гилџес-Александер реализираше 23 поени, три повеќе од неговиот сонародник Лугенц Дорт.

НБА лига, резултати –

Атланта хокс – Милвоки бакс 120:100
Шарлот хорнетс – Голден Стејт вориорс 106:102
Хјустон рокетс – Феникс санс 89:115
Оклахома Сити тандер – Бруклин нетс 96:120
Денвер нагетс – Портланд Трејл блејзерс 124:95
Лос Анџелес клиперс – Чикаго булс 90:100