(ВИДЕО) Јокиќ и Дончиќ во елемент

Денвер славеше на гостувањето кај Феникс со 130-126 по едно продолжение, а лидер на Нагетс беше Никола Јокиќ.

Српскиот центар постигна 31 поен, имаше и 10 скока, а му недостигаа уште две асистенции за нов трипл-дабл. Девин Букер најмногу се истакна кај Санс со 31 поен, додека Деандре Ејтон имаше 27 поени и 13 скока.

Лука Доничиќ покажа кој е главен во Тексас. Словенецот го предводеше Далас до триумф од 122-117 на гости кај локалниот ривал Сан Антонио. Дончиќ имаше 36 поени, 11 асистенции и за само еден скок не го впиша 31-виот трипл-дабл во кариерата. Демар Дерозан најмногу се истакна кај Спарс со 29 поени.

Кливленд втор натпревар по ред успеа да го победи ѕвездениот тим на Бруклин, а овој пат со 125-113. Колин Секстон повторно блескаше за Кавалирс, додека кај Нетс 38 поени постигна Кајри Ирвинг, а Џејмс Харден имаше 19 поени и 11 асистенции. Кевин Дурент не играше поради повреда.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Чикаго 110-123
Детроиот – Хјустон 102-103
Индијана – Орландо 120-118 (по продолженија)
Филаделфија – Бостон 122-110
Торонто – Мајами 101-81
Минесота – Атланта 98-116
ЛА Клиперс – Оклахома 120-106
Сакраменто – Њујорк 103-94