(ВИДЕО) Ѓоковиќ дисквалификуван од US OPEN

Првиот светски рекет во моментов, Србинот  Новак Ѓоковиќ, е дисквалификуван од US OPEN.

Новак со топчето ја погоди линиската судијка и судиите решија да го исфрлат од турнирот.

Српскиот тенисер беше дисквалификуван во моментот кога Пабло Карењо Буста водеше во првиот сет 6: 5.

По загубен сервис гем Ѓоковиќ исфрли топка од џебот, а таа неверојатно ја погоди линиската судијка во вратот. По ударот, заврши на теренот и имаше проблеми со дишењето.

Разговорот меѓу најдобриот тенисер во светот и официјални лица траеше долго, а на крајот Србинот беше дисквалификуван поради правилата наведени во Правилникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.