(ВИДЕО) Ѓоковиќ лесно до 2.коло на Ју-Ес Опен

Новак Ѓоковиќ го зголеми својот ефект на 24 победи и 0 порази во 2020 година, откако во првото коло на Ју-Ес опен утринава го совлада Дамир Џумхур.

На српскиот тенисер му беа потребни два часа да дојде до победата во три сета од 6-1,6-4 и 6-1. Ѓоковиќ изгледаше во добра форма иако немаше време за одмор по триумфот на мастерсот Синсинати, кој се играше на истите терени минатата недела. Во следното коло Србинот ќе се сретне со Кајл Едмунд.

Петтиот носител Александер Зверев со 3-1, по сетови 7-6, 5-7, 6-3 и 7-5 го совлада финалистот од 2017 година, Кевин Андерсон. Стефанос Циципас, кој е четврти фаворит со 6-2, 6-1 и 6-1 го елиминираше Алберт Рамос -Вињолас, а пласман понатаму обезбеди и седмиот носител Давид Гофан, потоа Борна Чориќ, Пабло Карено-Буста, Јан Ленард Штруф, Жил Симон и Филип Крајновиќ.

Првата фаворитка на женскиот дел од Ју-Ес Опен, Каролина Плишкова се пласираше во втората рунда со убедлива победа од на стадионот „Артур Еш“ со 6-4 и 6-0 против Ањлина Калинина. Наоми Осака изминатиот викенд не играше во финалето на мастерсот Синсинати поради повреда на задната ложа на ногата, но утринава во три сета ја совлада својата сонародничка Мисаки Дои со 6-2, 5-7 и 6-2.

Пласман во второто коло обезбедија и Анџелик Кербер, Кристина Младеновиќ, Алисон Риске, Петра Квитова, Анет Контавеит.