ВИДЕО| Оливер Спасовски направи хаос со личните документи, сега никаде го нема

Денеска е последниот ден до кога граѓаните треба да ги сменат сите лични документи на кои им пишува Република Македонија, поради одредбите на Преспанскиот договор. Граѓаните без променети документи со новото име ќе имаат проблеми и сo легитимирање и со остварување на своите права бидејќи МВР порача дека старите лични карти и пасоши со старото име нема да важат.

Поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски во август, лани, изјави дека нема да има казни и дека сите граѓани ќе може да ги користат своите права без разлика на државното име на нивниот документ. Проблемот се редиците во управните служби и зафатените телефони, а Спасовски тврдеше дека ќе бидат решавани во од со дополнителни смени и работни саботи на шалтерите на МВР.

Се закажува во првите слободни термини, најважно е добиениот термин да се почитува. Нема да има никаков проблем со остварувањето на правата. Според сегашната динамика сметам дека успешно ќе биде завршена измената на документите. Во ниту еден случај нема да стане збор за казнување на граѓаните, изјави тогаш Спасовски.

Вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски повторно јавно им се извини на граѓаните за ситуацијата со личните документи, која е резултат на неговиот претходник Оливер Спасовски.

Сакам да им се извинам на граѓаните за сѐ што е предизвикано и за тоа што ќе следи, изјави за Канал 5 министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски, кој ги замоли граѓените со пасоши со старото име да не се упатуваат кон граница, рече Тошковски.

Во врска со возачките исправи со старото име, министерот рече дека не важат ниту во земјава, ниту во странство.

Тошковски информира дека со лична карта со старото име ќе може да се излезе кон Србија, Албанија и Косово, но не може да гарантира дека пограничните власти во тие земји ќе ги прошуштат граѓаните.

Тој вели дека решението е брзи измени на два закона, за лични документи и за безбедност во сообраќајот и дека може да се направи тоа за еден ден, само ако има политичка волја.