Холивудскиот актер Џон Траволта неодамна откри дека доживеал застрашувачко искуство блиску до смртта додека управувал со авион во 1992 година.
Сега 69-годишниот актер на минатонеделната премиера на филмот „The Shepherd“ (Овчарот – Пастирот) во Лондон зборуваше за своето трауматично искуство кое го поттикнало да прифати нова улога во краткиот филм на Disney.
„The Shepherd“ е приказна за млад пилот на кралското воздухопловство кој доживува дефект на авион, нешто што носителот на пилотската дозвола добитник на Оскар го доживеал во реалниот живот во 1992 година.
„Всушност доживеав тотален електричен дефект во воздухот, летајќи со авион над Вашингтон. Моето семејство беше во авионот. Знам какво е чувството да мислиш дека ќе умреш. Имав два добри млазни мотора, но инструментите откажа, електриката откажа, немаше струја. И мислев дека е готово. Штом ја прочитав книгата The Shepherd решив да ја прифатам улогата во филмот“, рече Траволта и додаде дека на крајот за чудо слетал.
Филмот е заснован на истоимениот роман на Фредерик Форсајт од 1975 година и ја раскажува приказната за Фреди Хук (Бен Редклиф), млад пилот на британското Кралсковоздухопловство кој лета дома за Божик.
Филмот „The Shepard“ во продукција на Алфонсо Куарон ќе биде достапен од 1-ви декември на платформата Disney+.