(ВИДЕО) Џони Деп на судење во Лондон: Во судницата прикажано видео како актерот дивее по дома

87

Амбер Херд и Џони Деп пристигнаа на суд, втор ден по ред.

Судскиот процес треба да трае 3 недели.

Џони Деп истакна дека знаел дека неговиот брак со Амбер Херд завршил кога тој нашол фекалии во својот кревет. Тој исто така рече дека за малку ќе го изгубел прстот кога Амбер го мавнала со две шишиња вотка.

На прашањето дали земал кокаин во март 2015 година, актерот рече дека не се сеќава.

Саша Вас, адвокат на таблоидот The Sun , го прекори Деп за „предвидување на прашањата“, велејќи му дека тој самиот ќе „поставува прашања“.

Саша рече дека Деп ја удирал Амбер повеќе од еднаш. Таа рече дека тој ја удрил три пати, додека Деп одговори дека тоа не е точно.

Таа исто така изјави дека Деп тогаш се онесвестил, се извинил, плачел и рекол дека никогаш повеќе нема да се случи тоа. Деп рече дека никогаш ја нема удрено.

На прашањето дали пуши, Деп рече: „Да, имам ужасна зависност од никотин“, но додаде дека тој никогаш не бил „зависник од кокаин“.

Следниот момент, Деп се скара со претставниците на „The Sun“, велејќи им  дека „не може да го прекинуваат кога ќе им текне” но Амбер рече дека правилно постапуваат бидејќи затоа што мора да помине низ бројни прашања.

Сликата на Деп од болницата беше прикажана во судницата, на која тој е крвав, по наводниот напад на Амбер врз него, со две шишиња. Херд истакна дека тоа не е точно и дека таа е „жртва на семејно насилство“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.