(ВИДЕО) Џонсон на прашањето дали Путин е „убиец“: Видовте што се случи со неговите противници

Новинарка на „CNN“ го праша британскиот премиер во Корнвол на самитот Г-7 дали смета дека рускиот претседател е „убиец“.

– Дефинитивно мислам дека претседателот Путин направи бескрупулозни работи и сум прилично сигурен дека тој ги одобри труењата во Солсбери, што доведе до смрт на невин член на британската јавност, Скрипаљ“, рече Џонсон.

– Видовте што се случи со неговиот водечки противник, Алексеј Навални, кој се соочува со ефективна тортура во затвор под измислени обвиненија – рече Џонсон.

Британскиот премиер исто така верува дека американскиот претседател на САД, Џо Бајден, кој ќе се сретне со рускиот претседател на 16 јуни на самитот во Женева, ќе му даде на Путин некои „остри пораки“.

– Јас апсолутно го поддржувам тоа. И, го сторив тоа кога последен пат се сретнав со претседателот Путин – рече Џонсон.

https://www.youtube.com/watch?v=Q8Sg48fRQs4