(ВИДЕО) Ослободени заложниците во супермаркетот во јужна Франција, вкупно пет жртви

Ослободени се заложниците кои ги држеше во петокот маж кој се претставил како припадник на џихадистичката Исламска држава во јужниот француски град Требе, при што во продавницата „Super U“ загинале двајца цивили и напаѓачот, а уште две се загинати во сличен напад во блискиот град Каркасон, како и напаѓачот, пренесе телевизијата BFMTV.

Во објектот последни останале напаѓачот и полицаец, изјави за телевизијата, градоначалникот Ерик Менаси.

Нападот се случи во департманот Од. Заложничката драма траеше неколку часа, по што полицијата успеала да го ликвидира напаѓачот.

Локалниот весник Depeche du Midi наведува дека една од жртвите е месар кој работел во супермаркетот. Медиумите прецизираат дека бројот на жртвите вклучува две жртви во супермаркетот како и две лица од украдениот автомобил со кој напаѓачот дошол во продавницата. Вкупниот број повредени се проценува на 17 лица.

Заложниците успеале да избегаат. „Клиентите излегоа, во објектот останаа само лицето кое зема заложници и припадник на жандармеријата“, изјавиле извори на BFMTV.

Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека во Требе има „многу служена ситуација“, којашто ја квалификуваше како тероризам. На местото на настатнот, исто така, пристигна и министерот за внатрешни работи, Жерар Колон.

Радиото RTL пренесува дека антитерористичкиот сектор на обвинителството покренало истрага. Според очевидци, напаѓачот бил доселеник од Мароко, бил вооружен со огнено и студено оружје и извикувал „Алаху Акбар“, повик кој вообичаено го користат исламистите. Осомничениот рекол дека е приврзаник на Исламската дражва, и според медиумите барал да биде ослободен главниот обвинет од терористичките напади во Париз и Брисел, Салах Абделслам.

Медиумите известуваат и дека истовремено со заложничката криза во францускиот град Каркасон, лице од автомобил од движење отворило оган врз припадници на специјалните сили кои се рекреирале. Еден од нив е ранет.

Како што се истакнува во прилогот на телевизијата BFMTV, земањето заложници и пукањето врз специјалците го извршило исто лице.