ВИДЕО| Откриен голем облак космичка прашина околу млада ѕвезда

Вселенскиот телескоп „James Webb“ открил во средата нови величествени снимки од голем облак космичка прашина во форма на песочен часовник околу ѕвезда која се формира.

Досега невидливи, овие облаци со портокалова и сина боја станале видливи благодарејќи ја инфрацрвената камера Near-Infrared Camera (NIRCam).

Многу младата ѕвезда, позната под ознаката „протоѕвезда L1527“ се наоѓа во соѕвездието Бик, а сокриена е со ротирачки диск од гас во ниво на стеснувањето на песочен часовник.

Меѓутоа, светлината на оваа „протоѕвезда“ се пробива над и под тој диск, осветлувајќи ги празнините во околниот гас и прашината, објавија американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (NASA) и Европската вселенска агенција (ESA) во заедничко соопштение.

Облаците се формирале од материјата којашто била исфрлена од ѕвездата којашто се судира со околната материја. Прашината е пофина во сините делови, потешки од портокаловите.

Стара само 100.000 години, протоѕвездата е во најраниот стадиуми во формирањето. Сѐ уште не може да создава сопствена материја.

Црниот диск кој ја опкружува, чијашто големина одговара на речиси нашиот Сончев систем, ќе ја храни протоѕвездата со материјал додека не го достигне „прагот кој е потребен за започнување на физијата“.

„Во крајна линија, погледот на L1527 е прозорец во она како што изгледале нашите Сонце и Сончевиот систем на својот почеток’, се наведува во соопштението.

Молекуларниот облак во Бикот, кој се наоѓа околу 430 светлосни години од Земјата, се своевидно „ѕвездени јасли“ со стотици речиси формирани ѕвезди.