(ВИДЕО) Отровот бил откриен на шише со вода во хотелската соба на Навални, тврдат неговите соработници

Нервниот отров со кој, како што инсистира Западот, наводно бил отруен рускиот опозициски блогер Алексеј Навални, бил откриен на празно шише со вода во неговата хотелска соба во сибирскиот град Томск, што укажува на тоа дека тол бил отруен таму а не на аеродромот како што се мислеше, соопштија неговите соработници во четвртокот, а еден од креаторите на овој боев отров оценува дека тој не може да се користи на тој начин.

Видеото поставено на Instagram профилот на Навални ги прикажува неговите соработници како ја пребаруваат собата во хотелот „Ксандер“ на 20-ти август, наводно еден час откако слушнале дека му се слошило во „сомнителни околности“. Меѓутоа, не објаснуваат како влегле во одјавената соба.

„Беше решено да се земе сѐ што хипотетски би можело да биде корисно и да им се предаде на лекарите во Германија. Беше очигледен фактот дека овој случај нема да биде истражен во Русија“, пишува на објавата, иако во тој момент немаше најави дека Навални ќе биде префрлен во Берлин, односно дека германската влада ќе инсистира на тоа а руската страна ќе се согласи.

На снимката се гледа како соработниците на Навални со заштитни ракавици пакуваат неколку празни шишиња минерална вода во вреќи.

„Две седмици подоцна германска лабораторија најде траги од новичот токму на шише со вода од хотелската соба во Томск. Потоа повеќе лаборатории кои спроведиоа анализа на примероците потврдија дека Навални е отруен со тоа, Сега знаеме дека тоа е сторено пред да излезе од хотелската соба и да замине на аеродромот“, стои во објавата.

Русија веднаш спроведе предистражни проверки, дури и по целата маршрута по која се движел Навални во Томск, но соопшти дека треба да се дознаат сегашните и да се спроведат и други медицински анализи за да може да отвори официјална истрага за случајот. Истовремено Москва повторува дека нема добиено никакви документи врз кои може да се отвори истрага и прашува зошто тоа го избегнува германската страна.

Истовремено во четвртокот еден од научниците кои работеле на боевиот отров кој на запад е наречен „новичок“ во советскиот период, вели дека доколку на шишето со коешто наводно е отруен Навални навистина го имало отровот тоа не би потекнувало од Томск.

„Имајќи предвид дека сите шишиња се исти, тогаш ова е безвреден доказ. Ние не можеме да го разгледаме, тоа е кај нив. Сите шишиња се исти, и невозможно е да се докаже (…) дека токму е тоа тоа е тоа шише, што значи дека можело да биде подготвено каде и да е во светот“, коментираше во четвртокот наулниот Леонид Ринк.

Нанесувањето на ваквиот силен отров на шишето ќе довело не само до смрт на Навални, туку и на сите коишто го допреле, додава Ринк.

Експертот вели и дека требата да се проверат сите научни институции во коишто, според пишувањата на медиуми, наводно работел таткото на Марина Певчих, една од соработничките на Алексеј Навални која го придружувала на неговото патување во Томск.

Имено, како што пишуваат медиумите, Константин Певчих водел две научни лаборатории. По инцидентот со Навални, самата Марина Певчих според податоците кои ги поседува руското министерство за внатрешни работи заминала за Германија. Владата во Берлин на барање на руските медиуми одбила да коментира дали таа престојува во земјата.

„Треба да се изврши целосна проверка на неговата лабораторија, со многу софистицирани инструменти за да сѐ се провери“, вели Ринк според кого во хемиски лаборатории и со неопходен персонал „лесно, многу лесно“ може да се произведат отровни супстанции.

Германија побара помош од Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) во истрагата за наводното труење на Навални, соопшти во четвртокот оваа организација чиешто седиште е во Хаг. Додава во соопштението дека нејзините експерти „ги собрале биомедицинските примероци од Навални за да ги анализираат“.

Русија потсетува дека е познато оти германското разузнавање BND во 1990-те години имало достап до „новочок“. Покрај тоа, овој исклучително отровен нервен агенс бил развиван и во лаборатории во Велика Британија, во САД каде што веќе три децении живее еден од главните креатори на овој отров, во Шведска и во Чешка која призна во 2017 година по сличниот инцидент во англиски Солзбери дека биле изведувани тестирања но дека сите количества биле уништени. Официјална Москва тврди дека со указ на претседателот во 1992 година бил прекинат развојот и истажувањета во областа на хемиското оружје, и оти наводно во 2017 година ги уништиле сите расположливи резерви на таквите супстанции, што тогаш го потврдиле и експертите на OPCW.

На Навални му се слоши на летот од Томск за Москва, по што авионот итно слета во градот Омск каде што е веднаш примен во болница специјализирана за акутни труења каде што му е даден за секој случај атропин и е ставен во индуцирана кома. Бидејќи веднаш започнаа сомнежите дека активистот на опозицијата можеби е отруен, три руски лаборатории ги истражуваа неговите биоматеријали и не покажаа пристутво на отрови. По два дена, на инсистирање на официјален Берлин и семејството, Навални беше пренесен во берлинската болница „Шарите“. Тамошните истражувања покажаа дека кај него наводно е откриен отров, а две седмици подоцна лабораторијата на германската армија Бундесверот потврдила дека тој бил наводно отруен со нервниот агенс „новичок“. Русија отфрла каква и да е поврзаност со случајот, и упорно бара од Германија заедничка експертска група да ги спореди биолошките материјали на Навални кои ги имаат руските и кои ги имаат германските лекари, но досега нема одговор од Берлин.

 

 

 

https://www.instagram.com/p/CFOnffrHZ0d/?utm_source=ig_web_button_share_sheet