Споменикот на Андон Јанев – Ќосето, отстранет е доцна синоќа од локацијата пред Врховниот суд во Скопје.
На социјалните мрежи објавени се видеа од отстранувањето на споменикот. Ова е првиот од спомениците од преоктот „Скопје 2014“, за кој е утврдено дека се незаконски поставени.
Споменикот беше отстранет без најава, по налог на Град Скопје. Работниците кои учествувале во отстранувањето изјавиле дека споменикот ќе го однесат во магацините на поранешната фабрика „Металскиот завод Тито“, но засега нема официјална изјава од Градот.