ВИДЕО: Ова е најлошиот пејач на светот, а заработува и пари од тоа!

Пејачот Вену Малеш од Индија стана вистински хит на Интернет, меѓутоа како најлош интерпретатор на сите времиња.

Тој стана вистинска сензација откако видеото за песната „It’s My Life“ која ја објавил пред две години се прошири по социјалните мрежи. Имено, сите се согласија дека станува збор за веројатно најлошата песна што е снимена било кога! Но, во овој случај тоа значи кликови, а Вену моментално ги има преку четири милиони.

Кликнувањата продолжуваат, а некои проценуваат дека Малеш досега има заработено преку десет илјади долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.