Дваесет и едно годишниот моторциклист Џек Сандерсон на ЈуТјуб објави снимка од падот со мотор низ провалија од 12 метри, кој на негова огромна среќа го преживеа.
“Влегував во кривината и се движев се поблиску кон другата лента. Кога видов само дел од автомобилот, знаев дека имам проблем. Одбрав да се стркалам низ провалијата, наместо да се удрам директно во автомобилот, па тоа всушност беше и најдобрата работа која што можев да ја направам. Помислив дека сум мртов. Кога ги отворив очите на дното од провалијата, се беше црно-бело”, вели Џек.
“Ова видео го објавив како предупредување за останатите. Сфатив дека често мислиме дека сме подобри од она што реално сме. Ако бидете глупави, несреќи како овие сигурно ќе ви се случат. Секогаш имам камера на кацигата, пред се за забава, меѓутоа и доколку нешто вакво се случи”, додава Џек, кој навистина имал многу среќа.
По падот Сандерсон поминал само со поблаг потрес на мозокот и помали повреди на рацете.