(ВИДЕО) Пакистански авион со 107 патници се урна крај Карачи

112

Авон на пакистанската воздухопловна компанија PIA од типот „ Airbus A320“ со 107 патници и членови на екипажот се урна во петокот во близина на населена област крај пакистанскиот град Карачи, потврди портпаролот на компанијата.

Авиониот со 91 патник летал од Лахоре кон Карачи, пренесува пакистанската телевизија GeoTV, според која местото на падот е во близина на аеродромот. Според објавите на социјалните мрежи, пак, авионот се урнал врз четири или пет куќи, па се претпоставува дека има жртви и на земјата.

На објавените материјали на социјалните медиуми се гледа како се издига густ чад од местото на несреќата, во резидинцијален кварт крај Карачи.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.