(Видео) Палестинско момче застрелано од снајпер додека барало преживеани од своето семејство

Меѓународното движење за солидарност на Палестина објавило вознемирувачко видео на Јутјуб на кое наводно се гледа како снајперист застрелува момче од Палестина додека тоа се обидува да најде преживеани во рушевините. Дејли мејл објавил дека настраданото момче си ги барало членовите на своето семејство.

Видеоснимката прикажува група на меѓународни и палестински волонтери и вработени во локалните власти во Газа како бараат преживеани во текот на хуманитарното примирје во неделата.

Групата приоѓа на младиот Палестинец кој лежи во рушевините и чија рака е повредена. Во моментот кога се обидува да стане, е стрелан од снајпер. Палестинецот наводно си ги барал членовите на своето семејство во рушевините после израелското гранатирање на населбата Шуајија.

Хуманитарните работници не можеле да го изнесат неговото тело од рушевините.

 

Францускиот министер за надворепни работи Лорен Фабиус денес повикал на прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас, наведувајќи дека „ништо не може да го оправда создавањето на маскр“.

„Ништо не може да го оправда продолжувањето на нападите и масакрот кој создава голем број жртви и ја зајакнува напнатоста и омразата меѓу народите“ рекол Фабиус по доаѓањето на состанокот на европски шефови на дипломатии во Брисел.

„Во Израел и Газа ситуацијата е многу, многу тешка“, додал франсускиот министер.