14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ВИДЕО) Памела Андерсон, по петти пат невеста, се враќа на љубовта пред 30 години

Памела Андерсон по кратка и тајна романса тајно се омажи за продуцентот Џон Петерс, јавуваат американските медиуми.

52-годишната Плејбој зајачица и актерка и 74-годишниот филмски продуцент, наводно, се венчале во Малибу, а нивните деца присуствувале на церемонијата.

Петерс потврди дека тој и Памела се во брак по неколкумесечна врска. Тие се запознале пред 35 години, и кратко време биле во врска во 1989 година. Петерс вели дека можел да ги има сите девојки што ги сакал, но тој ја сакал само Памела.

„Отсекогаш ја сакав само неа, иако можев да ја имам. Ме излудува на позитивен начин. Таа е многу повеќе отколку што гледате, инаку не би ја сакал толку многу“, рече 74-годишниот продуцент. И нејзините менаџери ја потврдија свадбата.

“Тој секогаш беше за мене и никогаш не ме изневери. Сега сум подготвена и тој е подготвен. Ние се почитуваме еден со друг и се сакаме безусловно. Среќна сум. Ова е доказ дека Бог има план”, рече Памела.

Ова е нејзин петти брак. Минатата година раскина со 18 години помладиот фудбалер Адил Рами, кој наводно ја изневерувал со својата поранешна сопруга.